Намален број на новозаболени: Само 5.8% се позитивни од 1.507 тестирани на КОВИД-19, во последните 24 часа

Добивај вести на Viber

Трети ден по ред имаме број на новозаболени помал од 100.

Министерот за здравство ја соопшти состојбата со КОВИД-19 до денес:

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти.

За жал починати се 6 лица, две пациентки од Скопје , пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип.

Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Инаку утрово министерот Филипче соопшти дека продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денес за периодот од 27 јули до 2 август 2020 година.