Наместо мајка, жената ќе се нарекува родител кој раѓа: Родилиште во Британија воведува полово неутрални термини

Фото насловна: Profimedia

Таткото ќе се запишува како, „друг биолошки родител“

Во една болница во Велика Британија, вработените во породилното одделение добија упатства да користат повеќе неутрални поими, на пример, одделението за мајчинска нега сега ќе се нарекува одделение за перинатална нега, а во зависност од околностите, фразите како „родител, други биолошки родител“ ќе се користат наместо татко и „родител кој раѓа“ наместо мајка.

Обраќање на пациенти според нивниот идентитет

„ Родовиот идентитет може да биде извор на дискриминација и нееднаквост во здравствената заштита. Ние свесно ги користиме зборовите "жена" и "личност" заедно за да покажеме дека сме посветени на борбата против нееднаквоста за сите оние кои ги користат нашите услуги. Како здравствени работници во  перинатална грижа, фокусирани сме да го зголемиме пристапот до нашите услуги и да ги подобриме резултатите за сите маргинализирани групи. Жените честопати се „лишени“ во здравствената заштита, како што се транс-луѓето и оние кои се индификуваат за бинарни.

Ние сме исто така свесни дека биолошкиот есенцијализам и трансфобијата се присутни во нашиот општо прифатен наратив и јавен дискурс, затоа настојуваме да ги заштитиме нашите транс и небинарни клиенти и работници од дополнителниот товар на промена на терминологијата, сфаќајќи колку ова може да има психолошки и емоционално влијание врз состојбата на личноста.

Признавањето на културниот контекст во кој се одвива нашата услуга е клучно за животот на транс и не бинарни луѓе да биде побезбеден“, се вели во упатството на една болница во Британија која воведува полово неутрални термини.

Изјавата понатаму беше објаснета на Твитер, каде тие посочуваат дека поимите мајка, мајчинство или татко во никој случај не се забранети, но дека на персоналот ќе им биде укажано „да користат јазик што го одразува идентитетот на пациентот“.

Што мислите за ваквите родово неутрални имиња? 


Можеби ќе ве интересира:

Необични и со силно значење: Најпопуларните имиња за девојчиња и момчиња во 2021 година