Актуелно // Insta вести
Наполни 40, вели дека изгледа како на 18 години: Атрактивната фолкерка Адријана Кеш вака прослави роденден
Една од најпознатите фолкерки кај нас Адријана Кеш наполни 40 години.
Таа ги дува свеќичките на тортата и порача дека изгледа како да има 18 години.
„Изгледам како на 18, се чувствувам како на 14, дејствувам како на 8 а тоа ме прави 40 годишна“, напиша фолкерката Адријана Кеш на Инстаграм споделувајќи фотографија на која се гледа дека е во домашна атмосфера .
Овој 40-ти јубилеен роденден, Адријана Ацевска изгледа опасно секси.
Таа е полна со енергија, а неодамна батериите ги полнеше на далечна дестинација и заедно со колешка уживаше на одмор во Занзибар.
Адријана Кеш е од оние пејачки кои често знаат да привлечат внимание, а нејзиниот најсилен атрибут се бујните гради.