Направете ги божиќните празници магични со малите апарати за домаќинство од колекцијата Gorenje Ora Ïto
Секоја година кога се приближуваат божиќните празници, чувствуваме некаква обврска да го направиме овој период навистина посебен. Следиме различни трендови и даваме сѐ од себе празниците да ги направиме магични. Ги натрупуваме домовите со украси, „бркаме“ подароци, се оптоваруваме со список со задачи и не уживаме во малите нешта. Сепак, божиќните празници не би биле тоа што се без богата трпеза. Имаме неколку совети за вас, така што со мали апарати за домаќинство од колекцијата на Gorenje Ora Ïto, вашата куќа ќе мириса на празници, а ќе имате повеќе време за вашите најблиски.
Дозволете вашата куќа да мириса на Божиќ
Ако имате деца, правењето колачиња во нивно друштво е одлична идеја! Меѓутоа, понекогаш подготвувањето на наједноставните јадења во кујната може да направи неред, па затоа е важно добро да се организирате и да изберете производи кои се направени за да го олеснат животот. Миксерот Gorenje од колекцијата Ora Ïto е направен со специјална функција за бавно стартување што спречува состојките да се распрснуваат од садот додека ги додавате во смесата. Брзината на ротација на миксерот може полека да се зголемува според потребите на различни рецепти, од бавно мешање ореви или чоколаден чипс, до матење белки или шлаг со најголема брзина.
Покрај колачињата во кои ќе уживаат вашите деца и целото семејство, неопходен дел од празничната гозба е и познатиотЕгног. Традиционален пијалак кој датира стотици години е направен од јајца, шеќер, млеко, ванила, цимет, малку внимание и многу љубов. Ние би ја препорачале безалкохолната верзија за да може целото семејство да ужива во овој кремаст пијалок. Некогаш, англиските лордови и дами со овој пијалок наздравувале за богатството, додека Јапонците ја користеле неговата модифицирана верзија за ублажување на настинки и болки во грлото. Се чини дека лековитото својство останало во овој пијалак до ден-денес. Ќе сфатите кога ќе го пробате дека навистина ја лекува душата! Значи, да започнеме со подготовката.
Изматете го егногот и започнете со магија
Одделете пет жолчки и изматете ги со Gorenje Ora Ïto миксер со сто грама шеќер додека не добиете бела пенеста смеса. Во моментот кога ќе почнете да матите, миксерот ќе ја активира функцијата за бавно стартување и ќе ги избегнете непријатностите од жолчките и шеќерот да испрскаат надвор од садот. Постепено додавајте седум милилитри ванила екстракт. Во тавче со длабоко дно истурете половина литар млеко и додадете малку цимет. Вклучете го шпоретот на средна температура и уживајте во аромите. Кога млекото ќе се загрее, подгответе ги јајцата така што ќе истурите малку од топлото млеко во нив за да не направите изматени јајца, а потоа сè заедно вратете го во тавата. Внимавајте смесата да не зоврие, туку само да се загрее. Се трга од оган и се промешува со двесте милилитри слатка павлака. Следниот чекор е најтежок од сите и добро подгответе се! Не пијте го напитокот веднаш, треба да се олади. Одолејте се на најубавите мириси на ванила и цимет, а ние ветуваме дека е уште подобро кога ќе се олади. Оставете го во фрижидер и наоружајте се со трпение.
Ако сте многу нетрпеливи, секогаш можете да додадете ситно сечкан мраз. Gorenje блендерот од колекцијата Ora Ïto има посебна функција за дробење мраз што ќе ви заштеди време и ќе додаде многу на вкусот поради неговата текстура. Истурете ситен мраз во вашата омилена шолја, а потоа овој магичен новогодишен пијалок. На крај украсете го со цимет и воила!
Колекцијата Gorenje Ora Ito достапна во продажните салони на Gorenje
Во продажните салони на Gorenje можете да го најдете комплетниот асортиман од колекцијата на Gorenje Ora Ïto, во бела и црна боја. Меѓу нив се блендер, миксер, тостер, бокал за греење вода, кујнска вага ирачен блендер, од познат француски дизајнер.
Ora Ïto, чиј потпис можевме да го видиме на многу светски познати брендови како Луј Витон, Своч, Епл и Левис, сега создаде магична колекција апарати за домаќинство за Gorenje. Покрај уникатниот дизајн, кој се карактеризира со трајна естетика и едноставност, со одличните перформанси ќе ви даде чувство на невнимание и мир. Колекцијата Gorenje Ora Ïto е создадена за вакви моменти бидејќи ќе ви помогне да го подготвите најелегантното божиќно чувство и вечера за вашите најблиски.