Направете го омилениот рецепт на Оливера Балашевиќ: Од состојки кои го зајакнуваат организмот!

Добивај вести на Viber

Мирисите на детството доаѓаат од кујната и од акунтот на „Инстаграм“ на Оља Балашевиќ.

Во ретро тенџере се крчкаше компир-чорба, подготвена на старомоден начин.

- Што се однесува до „крумплилевес“ (унгарско име за чорба од компири), во годините што следеа тоа беше најбезбедниот начин да не соберат сите на вистинската маса. Таа чорба беше лек, а не храна, и само понекогаш, во тие најдарежливи денови околу први во месецот, во неа пливаше парче месо, кое речиси секогаш остануваше на дното на испразнетото тенџере, затоа што никој не сакаше токму нему да му се падне нешто повеќе од подеднакво сецканите компири. Тетка Анушка најдобро ги сецкаше компирите, а јас бев до неа со желба што подобро да го запамтам рецептот, но и се трудев што потенко да го излупам компирот, тоа е како непишано правило. Јас сум хедонист, дури и експресивен, но во нашиот дом празниците, прославите и неделните ручеци не личат на викиншки гозби и трпези од ренесансните слики - објасни Оливера.



Унгарските домаќинки ќе се согласат со Оља лушпата да се исече што потенко. Доколку сакате да го пробате ова едноставно јадење кое потекнува од Централна Европа, а често се подготвува во Унгарија, Германија, но и во соседна Србија, особено во Војводина, ви го пренесуваме нејзиниот рецепт кој го наследила од нејзината баба.

За семеен оброк ви требаат околу килограм компири, еден или два моркови, половина конзерва сос од домати, малку зачин: вегета, сол, бибер, црвен пипер и неколку капки масло. Излупете ги компирите (што е можно потенки) и исечете ги на коцки. Пропржете го малку компирот на загреано масло, а потоа додадете го морковот изрендан или исечкан. Ставете вода. Компирите треба да се варат околу 45 минути, покриени, на силен оган, целосно да омекнат и супата да стане погуста. На крај додадете ги зачините и сосот од домати. Некој сака да додаде една лажица павлака или малку магданос.

Бон апетит!


Фото: Инстаграм/Оливера Балашевиќ/Профимедиа

Топ 10 комбинации во режија на Оливера Балашевиќ: Вака треба да изгледа секоја добро стилизирана жена во зрелите години (ФОТО)