Направете пастили за грло по народен рецепт: Ви требаат три евтини состојки и веднаш ќе се ослободите од досадната кашлица
Во преодниот
период чести се настинките, болките во грлото и кашлицата се почести. Затоа ви
даваме домашен рецепт за пастили кои ќе ви ги ублажат тегобите, воедно се
сосема природни.
Помеѓу народот е воспоставено верување дека медот, лимонот и ѓумбирот помагаат во ублажување на настинките, кашлицата и кивањето и го забрзуваат закрепнувањето на организмот.
Во тава со мешање загрејте 200 гр мед, 2 лажици сок од лимон.
Кога температурата на смесата ќе достигне 150 степени (користете кујнски термометар), извадете ја од шпоретот. Ако немате кујнски термометар, ќе знаете дека смесата е готова ако се стврдне веднаш штом потопите мала количина во ладна вода. Потоа додадете половина лажичка свежо рендан ѓумбир. Измешајте.
Истурете ја смесата во калап за мраз и оставете да се излади. Бидејќи пастилите се лепливи, превртете ги во шеќер во прав и ставете ги во тегла со капак.
*Консултирајте се со вашиот лекар за употребата на овие пастили.
Фото:Freepik