Велигденска мини кошница Се прави брзо и лесно од хартија. Може да ви послужи за декорација на празничната трпеза или како држач за обоени јајца, кои сакате да им ги подарите на своите блиски. Другата опција е да користите стара картонска кутија која ќе ја исечете во соодветна форма и ќе ја обложите со обоена хартија и ќе и заврзете панделка или чипка околу неа.
Велигденски украси со конец Направете си велигденски јајца од конец. За целта ви треба лепак на водена основа. Откако го растворите, натопете во него конците предиво. Додека чекате да се покисне убаво, надувајте неколку мали балони. Потоа замотајте го предивото околу балонот и почекајте да се исуши. Кога тоа ќе се случи, пукнете го балонот и полека извлечете го.