НАПРАВИВ ПЛАН СО ЛЕКАРИТЕ: Јелена Карлеуша донесе одлука - Сега ми е последен воз
Изгледот на Јелена Карлеуша често е предмет на коментари, а пејачката сега отворено проговори за корекциите кои ги направила на своето тело.
Јелена Карлеуша често е мета на критики дека фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи се фотошопирани, па пејачката сега решила да проговори по тој повод.
"Ги отстранувам сенките, ја изострувам фотографијата и го зголемувам контрастот. Накратко, правам само корекција на бои. Нека се чувствуваат слободни да ми позавидат хејтерите, а јас ќе ги блокирам!", изјави Јелена во свој стил, додавајќи дека се уште не била подложена на третман со ботокс, но дека со естетски интервенции ги коригирала усните и градите.
„Никогаш не сум ставала ботокс, меѓутоа, сега е време за тоа. Влегов во фаза кога ми е последен воз за некои интервенции. Со лекарите направив план да изгледам како сега во следните 20 години и да не се менувам. Мислам дека тоа е можно. Единствените две корекции што ги направив досега се усните и градите,со тоа што не ставив траен филер во усните,туку нешто што мора повторно да се направи Можете да видите што сум направила со мене и никогаш не сум криела. Од естетската хирургија не треба да се прави табу тема. Водам трка со времето, кое незапирливо оди, но се трудам да изгледам убаво“, напиша пејачката која оваа година ќе го прослави својот 45 роденден.
Инаку, Јелена еднаш откри како се храни и ја одржува фигурата, бидејќи со години е веган.
„Никогаш не сум болна и мислам дека за тоа е заслужна исхраната без месо. Јадам многу овошје и зеленчук. Многумина ќе се изненадат, но никогаш не сум испила кафе. Пијам три литри вода на ден, а слаткото презирам. Сето тоа придонесува за мојата витка линија. Кога станувам обично за појадок имам овесна каша со чиа или солени мафини со тиквички. За ручек обично грашок или боранија со зеленчук, а потоа неизбежните посни сардини. Не јадам многу пред спиење, па за вечера имам зеленчук или некоја салата од зелка, тиквички, моркови и цвекло“, изјави неодамна таа за „Хит Информер“.
извор: лепа и среќна
Фото: Инстаграм