Народот се обедини, а Зоки Фаци доби нова шанса за живот: Заминува на лекување во Турција

Добивај вести на Viber

Народот се обединија и успееја да соберат средства за лекување на водителот Зоки Фаци кој боледува од рак.

Јутјуберот Стефан Лазаров со јавен повик до сите, повика за помош за Зоки со донации за да може да замине да се лекува во Турција.

Средствата се собрани, сега Зоки може да замине на лекување.

„Здраво луѓе, можам да ве известам и израдувам дека Зоки официјално ќе се лекува во Турција поради вашата помош! Во моментов ја чека понудата од болницата и колку ќе чини целиот процес за да знаеме на што сме. Можам да ви потврдам дека сме при самиот крај, но најбитно од се е дека веќе нема да се чека и за неколку дена тој оди во Истанбул. Да сте ми живи и здрави“, напиша Стефан.

Инаку Зоки има 25 сантиметри тумор кој мора да се отстрани за да може да го продолжи неговиот живот.

За оперативниот зафат, како и за трошоците потребни беа да се соберат 15.000 евра.


РЖМ