„Наш сакан татко“: Денес е посебен ден во домот на Шаулиќ, Илда сподели трогателни зборови (ФОТО)
Шабан Шаулиќ, легендарниот пејач на народна српска музика, загина на 17 февруари 2019 година во сообраќајна несреќа.
Тој денеска, 6 септември, ќе наполнеше 72 години, а неговата ќерка, пејачката Илда Шаулиќ се огласи со емотивна објава.
Таа сподели фотографија со нејзиниот татко и напиша:
- Како и секој 6 септември, во нашите срца има љубов и среќа што те имавме, што си нашиот сакан татко.
На социјалната мрежа Инстаграм се огласи и братот на Илда, Михајло Шаулиќ.
- Денеска сакам да бидам среќен, но сепак сум многу тажен. Ми недостигаш – напиша покрај фотографијата со својот татко.
Да потсетиме, несреќата во која загина Шабан Шаулиќ се случи во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија.
Несреќата се случила по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот по несреќата бил пренесен во болница каде, за жал, и покрај напорите на лекарите, починал.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot