Здравје // Совети
НАСКОРО НОВА МЕРКА: Во одредени објекти ќе се влегува само со примени две дози вакцини, не е исклучена и можноста за задолжителна вакцинација
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека засега здравствените власти не размислуваат за воведување задолжителна вакцинација, но дека ваквата можност не е исклучена особено во некои сектори. Вели дека се ќе зависи дали досегашниот опфат на вакцинацијата ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.
-Очигледно дека вакцинацијата го прави своето. Дека има ефект од овој процес е докажано и беше докажано во градовите во кои болниците воопшто не се преоптоварија. И доколку се заразат вакцинирани лица тоа ќе биде со полесна форма на болеста и тоа е нешто што се следи и во другите земји каде е прилично висок опфатот со вакцинација, нагласи Филипче.
Детали на Фактор овде.