Наставници од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ го реализираат проектот на Еразмус+, Алатки за дигиталната училница
Во рамките на проектот Еразмус+ за средно образование група oд 9 наставници го реализира проектот насловен Алатки за дигиталната училница (Tools for the digital classroom). Наставниците од средното економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“ ја следеа обуката во центарот за едукативни проекти „Чекдев“ во Анталија, Турција.
Идејата за проектот произлезе од потребата на наставниците да се обучат да користат дигитални алатки (Web2.0) во наставниот процес. Појдовна точка за темата беше спроведената анкета на наставниците во СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен" Скопје, од која се виде дека помалку од 20% од наставниците знаат да користат само неколку дигитални алатки. На прашањето од анкетата дали сметаат дека алатките ќе донесат поголема мотивација и активност на часовите, повеќе од 70% од наставници одговорија позитивно.
Обуката во Анталија се одвиваше седум дена во месец мај 2022 година. Во учебната година 2022-2023 обучените наставници спроведоа дисеминација на знаењето и на стекнатите вештини од обуката на своите колеги како и на колеги од други средни училишта. Научените дигитални алатки активно се користат во наставата по различни предмети, додека учениците лесно ги прифаќаат бидејќи им носат динамика на часовите, поголема активност, како и зголемена интеракција со професорите.
*Пр објава