НАТАЛИЈА: Откријте го значењето на името и какви се луѓето кои го носат

Наталија е многу посебно име. Вообичаеното значење на ова име е благословена, родена на денот Божиќ.

Значење на името: од „Рождество Господово“ (Natale Domini).

Света Предобна Наталија е денот кога сите оние кои го носат нејзиното име слават именден, односно на 26-ти август. Но и денеска се празнуваат светите маченици Адријан и Наталија.

Името има многу варијации, меѓу кои и Натали, Ната, Наташа, а и машкото име Натанијел. Во православниот календар постои Светецот Натанијел.

За значењето на името се верува дека е „онаа која е родена да биде среќна и радосна“, „ онаа која е миленичка на Господ од самото свое раѓање“, „онаа која е предодредена за големи успеси и среќа во животот“, среќничка, невина, чиста, мила, безгрешна, дар ог Бога- се само дел од значењето на името.

По нумеролошки сметања, среќен број за личностите со име Наталија е бројот 1- тие се големи индивидуалисти и борци, сакаат да се свои и независни, свесни се за своето постоење и сакаат да се во центар на внимание, а генерално се многу успешни и остварени како на приватно, така и на професионално животно поле.