Наташа Беквалац претепана од сопругот: Не те родила мајка, за други да те тепаат

Добивај вести на Viber

Српската јавност ја потресе веста дека поп ѕвездата Наташа Беквалац ја претепал сопругот Лука Лазукиќ. За насилството проговорила и таа сама.

Наташа Беквалац пред извесно време го изнесе својот став на тема насилство над жените. Таа оваа, за жал честа појава во општеството остро ја осуди.

-Тоа е сериозна тема. Нема шанси да трпам или да бидам жртва на семејно насилство. Тоа би можело да ми се случи, но само еднаш, после тоа би трпел злоставување од моја страна до крајот на животот. Тоа не смее да се премолчи, ниту да се трпи. Не те родила мајка, за други да те тепаат. Затоа ако жртвата има проблем, тоа мора и да го каже-рекла Наташа неодамна, а сега и самата стана жртва на насилство.

Таа потенцијалниот насилник го пријавила во полиција, а дала изјава во една полициска станица.


foto: facebook