Наташа Малинкова и ќерката Султана како сестри (ФОТО)
Пејачката Наташа Малинкова објави ретка фотографија со нејзината ќерка која има специфично име, Султана.
Султана е поголемата ќерка, додека помалата ќерка се вика Емилија.
Наташа и Султана си личат како да се сестри,а не мајка и ќерка, коментираа пријателите на пејачката откако објави ја објави фотографијата.
Пејачката е постојано активна на „Инстаграм“ и на „Фејсбук“, па често објавува слики од своите настапи и патувања низ светот. Но приватниот живот го држи подалеку од јавноста, па многумина не знаат дека Наташа има две ќерки, Султана и Емилија.
Инаку помалата ќерка на Наташа вчера славеше роденден.
Султана е тинејџерка и многу наликува на својата мајка.
-Имам и голема одговорност и обврски кон моите две ќерки, големата има 15 години па сама може да функционира, а на малата (5) и сум повеќе потребна. Важно ми е да јадат здрава храна, домашно зготвена, па во текот на денот наоѓам време и да им зготвам дома- изјави претходно Наташа за Женски Магазин.
Фото: Инстаграм