Наташа од Скопје боледува од рак: Правев 3 операции, за жал канцерот не се намалува, метастазата на црниот дроб прогресираше

Добивај вести на Viber

Наташа Димовска (45) од Скопје мајка на две малолетни деца, повеќе од 1 година боледува од канцер. По неколку интервенции и лекување во Македонија, за жал било неуспешно и болеста се проширила.

Нејзината дијагноза е ангиосарком на дојка со метастази на црниот дроб.

За да го продолжи лекувањето треба да замине на операција во болница во Турција, за каде ќе и бидат потребни 20.000 евра.

„Животот понекогаш знае да удри силно и неочекувано. Ќе Ви ја раскажам накратко мојата приказна која посакувам да беше поинаква … Боледувам од канцер веќе подолго од 1 година и за жал после неколку интервенции – лекувањето тука во Македонија е неуспешно. Дијагнозата е ангиосарком на дојка со метастази на црниот дроб. Правев 2 операции на Клиника и една во Систина. За жал канцерот не се намалува. Метастазата на црниот дроб прогресираше. Ми даваат надеж во болница во Истанбул, Турција. За лекувањето таму – потребно е да уплатам првично 20 000 евра за да заминам“, раскажа Наташа за Женски магазин.

Вербата е единствено што ја води, да се бори за нејзиниот живот, семејството и децата.

„За нив, за нивната насмевка и иднина, само за нив Ви се обраќам за помош и подадена рака. Ќе ви бидам благодарна доколку одвоите малку за моето многу. Бидете сите благословени“, вели Наташа.

Броевите за донација сè подолу на фотографијата:

Да подадеме рака и да и помогнеме на Наташа успешно да ја победи најтешката битка во нејзиниот живот.

РЖМ