Научниците ја докажаа теоријата: Децата кои се однесуваат вака заработуваат повеќе кога ќе пораснат

Студија која траела 40 години, открила која „непосакувана“ детска особина е показател дека ќе успеат подоцна во животот.

Замислете да ве прашаат да влезете во шесто одделение и да се обидете да предвидите кои ученици ќе имаат најголеми приходи кога ќе пораснат. Кои деца би ги избрале? Оние кои сакаат да учат и имаат најдобри оценки? Оние кои се послушни и секогаш сакаат да поминат „низ прсти“ кај учителот? Атлетските деца кои активно тренираат?

Ако би избрале некоја од овие групи, сте згрешиле.

Децата кои кршат правила, би биле најдобар избор, според студија која траела дури 40 години и е објавена во „Developmental Psychology“.

Во 1968 година истражувачи почнале да проучуваат дванаесет годишни ученици кои тогаш биле во шесто одделение. Ја гледале нивната интелигенција, карактер, однесување, и социоекономски статус на нивните родители. Потоа, 40 години подоцна, повторно ги пронашле. Не е изненадувачки, учениците кои учителите ги опишале како „студиозни и вредни“, имале поголеми изгледи за престижни функции. Меѓутоа, тие не заработувале најмногу како возрасни.

Најголем доход имале „лошите деца“. Деца кои кршеле правила и им пркоселе на родителскиот авторитет, заработувале најмногу како возрасни. Авторите мислат дека една од причините, поради која таквите деца станале возрасни со најголема заработка, лежи во фактот што не се плашеле да преговараат за повисоки плати или зголемување на истите.

Авторите сугерираат уште еден можен факт-тоа што тие го почитуваат натпреварот. Наместо да се грижат за тоа дали ќе се сложуваат со другите, тие повеќе се заинтересирани во напредување на своите цели.
 
Не е исклучен ни фактот дека некои од нив можеле неетички да заработуваат за живот. Меѓутоа, студијата не дошла до никакви докази дека учесниицте биле вклучени во таков вид на однесување.