„Не дека е моја...Ама најубава е“: Димитар Андоновски е сопруг за пример

Добивај вести на Viber

Комплиментот е секогаш добредојден за секоја жена, посебно доколку е изговорен од посилната половина.

Сопруг за пример е пејачот Димитар Андоновски кој објави фотографија од својата сопруга Христина и напиша: „Не дека е моја...Ама најубава е“.

Христина на фотографијата е нашминката со нежна шминка која дава природен изглед, а на главата има врзано турбан.

Димитар и Христина се во брак скоро 9 години, заедно ги имаат синовите Михаил и Гаврил.

Во интервју за Женски магазин, Димитар раскажа дека неговата сопруга е псоветена мајка.

„Гаврил, Михаил и Христина се мојата сила и му благодарам на Бог што имам вакво прекрасно семејство што ме разбира, ме сака и ми дава сила“.

Неодамна Димитар објави нова песна,  дуетот со Александар Тарабунов насловен „Ќе преживеам“.

Фото: Инстаграм

Димитар Андоновски и Александар Тарабунов со музичка порака: Ќе преживееме