Не е луксузна дестинација, но е вистински рај на Земјата: Каде летуваат Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ

Добивај вести на Viber

Познатиот актерски пар замина на одмор во Црна Гора

Познатите српски актери, Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ заминаа на долгоочекуваниот и заслужен одмор.

Иако многумина врз основа на фотографиите кои актерката ги сподели на својот Инстаграм профил би помислиле дека се работи за далечна дестинација, сепак би згрешиле. Имено, Слобода и Војин заминаа на црногорското приморје, каде што се престојуваат во гратчето Љута.

View this post on Instagram

A post shared by Sloboda Micalovic (@sloboda_micalovic_boba)


Тие уживаа во прекрасната плажа и во чистиот воздух и сонце. Слобода веќе на првиот ден од одморот сподели прекрасна фотографија со стихови од познатиот писател Милан Ракиќ.


Таа потоа објави уште неколку фотографии на кои се гледа дека ужива во секој момент од својот одмор.

View this post on Instagram

A post shared by Sloboda Micalovic (@sloboda_micalovic_boba)


Љута е место кое се наоѓа помеѓу Котор и Пераст. Препознатлив е по куќите од бел камен, кои чуваат легенди и приказни од античко време.

Во Љута живеат мал број жители, а меѓу нив владее вистинска домашна атмосфера.

Да потсетиме, актерката пред десетина дена исто така беше во Црна Гора и по тој повод избра многу скапо сместување лоцирано во Улцињ, веднаш на плажа.

Извор: glossy.espreso.co.rs