Не глумат ѕвезди и се однесуваат природно: Слобода и Војин ги воодушевија туристите во Црна Гора - еве како летуваат
Туристите кои се нашле на местото каде летува актерската двојка велат дека тие двајца се однесуваат сосема природно, исто како и остатокот од светот
Една од најпопуларните актерски парови, Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ, годинава традиционално летуваат во Црна Гора, на Ада Бојана.
Она што на многумина им падна во очи е тоа што брачната двојка не се однесува вообразено и дека не се крие од народот, туку во вистинска смисла на зборот уживаат на одмор.
- Војин и Слобода не се однесуваат како ѕвезди. Ги видов кога дојдоа на плажа, а бидејќи имаше гужва, шетаа и бараа бесплатни лежалки. Многу се пријатни, се однесуваат како сите нормални луѓе - вели извор кој бил на лице место и додава дека не можеле да останат незабележани.
- Иако се трудеа да не привлечат внимание, ни привлекоа око, особено Слобода, која е подеднакво убава и без шминка. Бевме изненадени што не избраа фенси приватна плажа, каде што нема толку многу луѓе - изјавил изворот за „Информер“.
Војин и Слобода на плажа ја сретнале и помладата сестра на актерката, Драгана Миќаловиќ. Таа на Инстаграм се пофали како го поминува времето со својата сестра и братучедите.
Извор: www.telegraf.rs