Не е така како што изгледа: Вистината која се крие зад среќната слика на кралското семејство

Добивај вести на Viber

Официјалната фотографија на принцот од Велс, Чарлс за неговиот 70-ти роденден, беше „апсолутен кошмар“ поради лошите односи меѓу неговите синови принцот Вилијам и принцот Хари, според контроверзната книга објавена денес.

На фотографијата објавена во 2018-та година се гледа наследникот на тронот кој седи на клупа со принцот Џорџ во скут и Војвотката од Корнвол со принцезата Шарлот веднаш до него. Зад нив се Вилијам и Кејт кои го држат принцот Луис, додека Хари и Меган се насмеани стојат покрај нив.

Како што се зборува, многу било тешко да се направи заедничка слика затоа што „ниту Вилијам, ниту Хари не сакале да бидат достапни за фотографирање заради моментално комплицираната врска“, се наведува во книгата.

Во новата биографија за Хари и Меган, „Finding Freedom “ се зборува за затегнатиот однос меѓу двајцата браќа.

За тоа сведочи фактот дека ниту Хари ниту Меган не сакале да дадат интервју за авторите на книгата.

- Се чини сосема јасно дека тие постојано се расправаа. Ако не беше така, тие ќе создадеа многу врева околу оваа книга. Мислам дека сакаа да ја пренесат вистината и нивните чувства, па тоа го сторија преку пријатели кои беа соговорници и се чини дека се многу добро информирани.

Една од сцените опишани во книгата е кога Хари веднаш му се јавил на својот татко, откако дознал дека е заразен со коронавирус.

Во книгата се наведува и дека Меган го гледа принцот Чарлс како „втор татко“, и ѝ е  многу драг, и затоа тие создале блиска врска. Во исто време, на Чарлс му се допаднала Меган затоа што тој сака „силни, сигурни жени“.

Сепак, никој од кралското семејство сè уште не проговори за наводите во книгата, а особено дека „среќната слика“ на кралското семејство е всушност голема лага.