„Не гледам проблем“: Многумина се против, но не и Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг - Вака функционираат 23 години
Освен што се брачни партнери, Тијана и нејзиниот сопруг
Милан се и деловни соработници.
Пејачката Тијана Дапчевиќ повеќе од две децении е во среќен брак со својот сопруг Милан, со кого го има синот Вук, а во нивниот случај комбинацијата на приватно и деловно се покажа како исклучително успешна.
Иако многу јавни личности строго ги раздвојуваат љубовта и работата, Тијана смета дека нема ништо лошо во тоа, доколку парот научи добро да функционира на двете полиња.
„Мојот сопруг Милан е музички продуцент. 23 години работиме и во деловниот и во приватниот живот! Тоа е одлично за нас. Совршено! И не би промениле ништо. Затоа јас не гледам проблем во мешањето на приватниот и бизнисот, но сите сме различни. Можеби некој не би работел толку добро како јас и Милан“, изјави пејачката за „Информер.рс“.
Тијана преку својата професија стекна многу пријатели, па затоа не е застапник на теоријата дека на сцената не постојат вистински пријателства.
„Ако си нормален и цивилизиран човек, тогаш вистински пријателства постојат во секоја професија, не само меѓу пејачите. Зорана Павиќ, Ивана Петерс, Гоца Тржан, Леонтина Вукомановиќ ми се многу добри пријатели. Ние сме пријатели со години, а и често работиме заедно. Можеме да го комбинираме убавото и корисното“, рече таа.
Инаку, Тијана и Милан Дапчевиќ почнаа да живеат заедно само 15 дена по средбата, а за потомство чекаа седум години. Кога почнала да размислува за ИВФ, Тијана забременила по природен пат.
„Отсекогаш велев дека ќе родам машко дете, мајкин син, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук! Тој е навистина истиот јас, само што е изграден како татко му. Сепак, и тој е тврдоглав и упорен како Милан. Никогаш не се покајав што имам само едно дете, Вук ми вреди за десет. Со Милан бевме седум години во брак, патувавме по цел свет и сакавме бебе. Долго време јас не успеа да забремени по природен пат. Му реков: „Ако не забременам до септември, одам на ИВФ!“ Во 2008 година сестра ми Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас ја направив Медиумски план. Бев концентрирана на тоа, не размислував за детето и тогаш забременив“, откри еднаш пејачката.
Фото: Инстаграм