„Не истурај никогаш од чаша, печурки, пармезан, што и да е... Тоа е сквернавење на храната“: Љупка Митрова доби остра критика за своите кулинарски вешнити

Добивај вести на Viber

Познатата инфлуенсерка Љупка Митрова на својот Интаграм профил објави како подготвува печурки со пармезан. Таа сака да готви па од време на време знае да објави некое видео како подготвува вкусна храна.

Она што овој пат го привлече вниманието е еден коментар во кој доби упатство за однесување во кулинарството. Поточно, како треба да се однесува со храната и намирниците при подготовка на истата.

Текстот ви го пренесуваме во целост:

-Не истурај никогаш од чаша, печурки, пармезан и што и да е. Тоа е сквернавење на храната и рамно на шизофрено лудило кое се среќава исклучиво во српската турбо фолк сељачка псеудо култура. Нема врска со твоево, ама морам вака јако пластично да ти опишам за да ја сфатиш тежината на гревот. А се' е така убаво, спакувано, дотерано (сем вртењето, тоа никако не влегува во концептот, ама веројатно ти си знаеш зошто, па нема да навлегувам понатаму). Но ова со чашите и турање во тава или тањир е неопростив грев во кулинарството . Користи ги само рацете/прстите. Во нив е енергијата, моќта и трансцедентот со храната. Толку од новата лекција. Молим. Повеќе следниотследниот пат, се велеше во коментарот.

Судејки по ова, Љупка во иднина мора многу да внимава како се однесува со храната во јавност.

Фото:Инстаграм