Не личиш на Македонка: Симона Живковска е горда на своите корени (ВИДЕО)

Минатата година ја видовме во фантастичниот филм на Марвел „Black Widow“, каде со својата филмска партнерка зборуваше на македонски јазик.

Македонската актерка Симона Живковска, која е родена во Скопје, а е со адреса во Велика Британија е доста активна на социјалните мрежи каде споделува дека е горда на своите македонски корени.

Имено таа е по мајка македонка, а татко ѝ е од западноиндиско потекло, од Свети Мартин.

Еве како штосно им одговори Симона, на сите оние кои ѝ велат дека не личи на Македонка.