Не ми кажувајте како да тагувам по татко ми: Проговори ќерката на Лук Пери

Ќерката на Лук Пери, починатиот актер од серијата „Беверли Хилс“, Софи Пери е лута на обожавателите на татко ѝ, кои ја обвинуваат дека не тагува по него колку што треба.

„Секој кој го познаваше мојот татко, знае дека тој тоа не би го сакал“, напиша Софи на својот Инстаграм профил. 

„Откако мојот татко почина, се најдов во центарот на вниманието. Многу од тоа внимание беше позитивно, но некои луѓе изгледа дека не знаат да бидат љубезни. Не барав внимание, не сакав да се најдам под светлата на рефлекторите. Иако не сакам никого да навредам, нема да им угодувам на туѓите очекувања. Имам 18 години и пцујам. Понекогаш се облекувам како проститутка.  Можеби не верувам во нешто во кое што верувате и вие, но најважно е што јас ќе се смеам и ќе живеам нормален живот. Секако дека ме боли тоа што му се случи на мојот татко. Тоа е најлошата работа која ми се случила. Скршена сум, но нема да седам во соба и по цели денови да плачам додека интернетот не одлучи дека е прикладно поинаку. Секој кој го познаваше мојот татко знаеше дека тој тоа не би го сакал. Па немојте ни вие да го барате тоа од мене. Направете ни на сите услуга, престанете да ме следите, го губите и моето и вашето време“, додала Софи.

Лук Пери, легендарниот Дилан Меккеј, почина од последица на мозочен удар во 53 година. Во моментот на смртта, околу него беа неговите сакани: синот Џек (21), ќерката Софи, свршеницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Рејчел Шарп, мајката Ана Бенет, очувот Стив Бенет, братот Томи Пери, сестрата Ејми Кодер и неколку блиски пријатели.