Не можам да се откажам од детските витамински креми: Елена Стојановска за својот младешки изглед

Добивај вести на Viber

Една од најубавите наши водителки и омилена на гледачите, Елена Стојановска е дел од тимот на Утринската програма на Тв „Сител“. Нејзин заштитен знак е насмевката и фризурата за која вели дека не сака да ја смени со години. Мајката на седумгодишната Ина, пред огледалото на Женски Магазин раскажа за своите ритуали за убавина.

- Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика. Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага. Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување. Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи. Искрено, не менувам многу и се држам до веќе испробани работи- вели Елена за негата на своето лице.

Верна на својот природен изглед, таа додава:

Сакам долга коса и тоа е тоа, имам иста фризура со години, варијантите се само дали шишките ми се малку подолги или покуси. Линијата за коса на Inebrya & Alterego на Silk solutions е мој избор и тоа онаа за долга но сјајна и здрава коса. Ги менувам нивните производи во лето и зима, ама се држам до брендот. “