Не очекувавме ваква реакција: Синот на хрватскиот фудбалер му пријде на расплаканиот Нејмар и ја разнежни планетата (ВИДЕО)
Бразилскиот фудбалер важи за малку арогантен, но секогаш кога се најмалите околу него, го покажува своето големо срце... дури и во најтешките моменти!
Хрватската фудбалска репрезентација синоќа повторно приреди сензација и на Светското првенство во Катар го елиминира моќниот Бразил и со тоа се пласираше во полуфиналето.
Овој пораз тешко им падна на бразилските фудбалери, особено што пред тоа убедливо водеа и сè изгледаше завршено, а посебно се потресе Нејмар, кој не можеше да ги сопре солзите.
Многу соиграчи, меѓу кои Родриго и Дани Алвеш, го тешеа скршениот соиграч, а во еден момент на Нејмар, додека тој плачеше, му пријде Лео Перишиќ, синот на хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ.
Малиот Леонардо трчаше по теренот со својата сестра Мануела во дресот на хрватската репрезентација, кога реши да се поздрави со Бразилецот и да се обиде да го утеши, а Нејмар иако обезбедувањето го спречи момчето да му се приближи, низ солзи го прегрна Лео, додека момчето утешно го тапкаше постојано.
Децата на Перишиќ мечот го проследија со нивната мајка Јосипа.
Извор: glossy.espreso.co.rs