Не пуштајте секого во вашиот живот: Психолог Михалков открива 5 начини како да се заштитите од лошите луѓе

Добивај вести на Viber

Некои луѓе, често оние со лоши намери, се чувствуваат непријатно кога ќе видат други среќни покрај себе и често ќе се трудат да ја нарушат таа среќа.

Психологот Михалков нуди пет корисни совети како да се заштитите од ваквите негативни влијанија од околината.

Првиот совет е да разбереме дека не можеме да им угодиме на сите. Секогаш ќе има луѓе кои ќе имаат што да се пожалат на нашето однесување, но не смееме да дозволиме тоа да не‘ совлада. Важно е да останеме верни на себе и да не се менуваме заради другите. Така покажуваме дека се почитуваме себеси и своето мислење, дури и ако тоа не се согласува со мислењето на другите. Клучот е да се сакате себеси, да разберете дека нема сите да ве сакаат и да го прифатите тоа.

Друг совет е да не дозволувате сите да влезат во вашиот живот. Треба да внимаваме кого пуштаме во нашиот интимен круг. Луѓето често имаат тенденција да очекуваат дека секогаш сме им на располагање, но тоа не е ниту реално ниту здраво. Важно е да внимаваме на кого ќе дозволиме да биде блиску до нас бидејќи кога некому ќе му го дадеме прстот, тој често ќе ја сака целата рака. Поставувањето граници е клучно за зачувување на сопствениот мир и време.

Третиот совет е да не трошите премногу енергија на небитни луѓе. Фокусирањето на негативни луѓе и ситуации само ќе не‘ истроши. Треба да научите да кажувате „не“ и да не се чувствувате виновни за тоа. Важно е да се разбере дека не треба да дозволиме ирелевантни луѓе да ни го обликуваат животот.

Четвртиот совет ја нагласува важноста на одморот. Треба да одвоите време за прошетки во природа или медитација, да најдете начин да се опуштите и да ги наполните батериите, и психички и физички.

Петтиот совет ја нагласува важноста да ги слушате сопствените чувства. Многу луѓе околу нас ја тестираат нашата сила и стабилност. Важно е да препознаеме кога некој негативно влијае на нашиот живот и да знаеме да поставиме граници. Човек треба да биде свесен за сопствената вредност и да научи да каже „не“ кога е потребно затоа што нашата среќа е наша одговорност и ние самите ја создаваме.


Фото: freepik