Не сакавме да ја мачиме Брена, биравме дадилка со посебни услови: Пријовиќ им се врати на настапите

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Александра Пријовиќ по три месеци откако го роди синот Александар им се врати на настапите. За магазинот „Глорија“ таа раскажа дека иако има доверба во бабите, нејзиниот син сепак го чува дадилка.

„Филип и јас не сакаме да ги оптеретуваме бабите.Брена не сакавме да ја мачиме, таа си има свои обврски. Најдовме дадилка да го чува синот, а пред да ја примиме на работа имавме услови кои треба да ги исполни. Баравме личност која е грижлива, која сака деца и знае на најубав можен начин да учествува во нивното воспитување“, изјавила снаата на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ. 


„Сега веќе ја сметаме за дел од семејството. Таа ги исполнни нашите услови“, изјавила Пријовиќ.

„Таа е птица која пее со свој глас. Ме потсетува на мене кога бев млада. Ја има своата мајка која е секогаш крај неа, а јас секогаш сум тука за совет и за помош. Среќа е што моите совети, таа секогаш ги слуша“, изјави Лепа Брена за Женски магазин за снаата минатата година, кога одржа концерт во Скопје.