Не се гледаме секој ден, но јас сум негова копија: Ивона Јо го покажа својот татко (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кумановката Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, откако му посвети на изгледот и буквално се трансформираше, постојано има настапи и ги полни клубовите низ Македонија, а пред извесен период ја сними својата прва песна.

Таа постојано кажува дека фамилијата е нејзината најголема поддршка, и иако почесто ја гледаме со нејзината мајка, овој пат реши да го покаже и татко си.

Имено таа откри дека е негова копија и дека конечно после цели 20 години не се лути на тој коментар.


„Не се гледаме секој ден. Но секој ден добивам дека сум копија на татко. И конечно после 20 години не се лутам на тој коментар. Еден од поубавите и позначајните вечери во овој живот. Ова што сум- сум ради себе и ради нив. My little one среќен роденден уште еднаш“ - напиша Ивона во описот на заедничките фотографии, воедно честитајќи му го роденденот на нејзиниот брат.