Не се изгладнувајте со недели: Ова е најбрзата летна диета
Одамна
размислувате за посебен режим на исхрана, но никако да дојде оној понеделник
кога драстично ќе го промените менито? Не очајувајте! Не мора да се изгладнувате
со недели, затоа што ние ви ја предлагаме најбрзата летна диета. Многу е едноставна, само придржувајте се до препорачаната исхрана и за неколку дена ќе
сфатите колку лесно се топат килограмите.
Диета со овошје и зеленчук
Во овошјето и во зеленчукот се наоѓаат многу здрави состојки кои не содржат маснотии, а кои ќе ви го забрзат варењето. Менито е многу едноставно и изгледа вака:
Појадок:
Еден јогурт промоешајте го со 300 грама сезонско овошје (јаболка, кајсија, праска, малина).
Ручек:
300 милилитри бистра супа и 300 грама пасирани сварени моркови
Вечера:
Мешана салата од овошје и зеленчук
Совет:
Бананите и грозјето имаат многу шеќер, па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнете.