Актуелно // Insta вести
Не се три сестри, туку мајка и ќерки: Женско друштво за одлична викенд дружба
- 25 Март, 2024
Ќерките на познатиот пар Маја и Дарко Панчеви се веќе големи девојки. Секоја со своја животна определба, но и двете со афинитети за музиката и танцот.
Поголемата, Надица талентот го насочила кон јазиците, па дипломираше на Филолошкиот факултет, отсек германски јазик и книжевност, додека помалата Марија, се остварува во професијата модел и е дел од модното студио „Моделс Ин“.
Маја Гроздановска Панчева ретко објавува заеднички фотографии со нејзините ќерки. Ова е една од нивните поретки заеднички фотографии, на која напиша: „Со женските“.
Сите три имаат голема сличност, па заклучокот е дека повеќе изгледаат како сестри, отколку како мајка и ќерки.
Фото: Инстаграм