НЕ ТРЕБА ДА СТРАВУВААТ ОД ДЕЛТА СОЈОТ - хрватски имунолог кажува за кого ова ќе важи

Добивај вести на Viber

Имунологот Златко Тробоњача од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Риека изјави дека оние луѓе кои примиле две дози од вакцината, не треба да се плашат од делта сојот. Две дози вакцина на Фајзер штитат 90 отсто од делта сојот. Оние кои примиле една доза нема да бидат заштитени толку многу, само 35 отсто, затоа треба да размислите за забрзување на ритамот на вакцинација со втората доза, односно да не чекате месец и половина, вели тој за ХРТ.

„Оние кои прележале ковид, исто така, имаат заштита. Антителата што ги создале од претходната инфекција ги штитат од делта, но не во таа мера, бидејќи овој вирус е донекаде имуноевазивен. Тоа значи дека може да го избегне постојниот имунитет“, рече Тробоњача.

Деталите читајте ги на Фактор тука.