Не знам која е тајната на здравата коса на Меган Маркл, но ова е мојата: Калиопи направи освежувачка промена (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Нашата музичка дива Калиопи неодамна наполни 55 години, но како што самата рече, годините се само бројка, а таа себеси се гледа како времето да не постои.

Па токму затоа и го носи епитетот безвременска убавица, жена која изгледа како да не старее.

Вчера таа направи мала но значителна и освежувачка промена, а за тоа се пофали на социјалните мрежи каде сподели дека било идеален ден за промена.

-И дојде денот! Идеален ден за промена!

Не знам која е тајната на здравата коса на Меган Маркел, но можам да гарантирам за мојата - БубеИН е тајната на старите добри мајстори уметници! - напиша пејачката покрај видеото каде покажа дека ја скратила косата.


Долгата црна коса ја негува со години.

А сега се одлучи да направи пократки степени и да скрати малку повеќе од должината.

Пејачката сака да внимава на нејзиниот изглед, форма и здрав начин на живот, а неодамна откри дека за два месеци успеала да симне 10 килограми. Браво за мене: Калиопи сподели како ослабела 10 килограми за два месеци


Не е важно кој се обидел да ми ги скрши крилјата, важно е дека јас сè уште летам: Калиопи ја открива приказната на евергринот „Бато“

-Како 2 годишно девојче ѝ продаде крофни на Калиопи: Ќе се стопите