Моден фокус // Трендови
Небесно- сина: Првата дама на Македонија го донесе гламурот на Манаки
Позната е по истенчениот вкус за облекување. Сопругата на нашиот Претседател Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска практикува креации од македонски дизајнери за нејзините појавувања и тоа е за почит.
Овој пат, таа се најде во центарот на вниманието на 41-вото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Во фантастична креација, дело на дизајнерката Лидија Георгиева го донесе гламурот на Широк сокак. Тоа на малкумна им успева на оваа манифестација.
Фустанот е нежен, лелеав, во светло- сина боја, со појас кој ја потенцира половината, а грациозен во ракавите и долниот дел.
Фото: Фејсбук