Неда Украден сака момче на свои години: Не сака да му биде мајка, ова се сите критериуми што ги има

Во текот на нејзиниот живот, мажи од различни возрасти се обидувале да го освојат нејзиното срце, а единственото нешто што таа сака е да не биде нечија мајка

Пејачката Неда Украден (71) веќе подолго време е сингл, а сега откри каков маж бара.

- Мене им се допаѓалее и помлади и постари мажи. Не би сакала да биде толкава разлика како да сум можела да го родам. Не значи дека тоа е највисоката морална мисла, но не би сакала да му бидам мајка – изјави Неда.

Изгледот, вели таа, не е толку важен како личноста и интелигенцијата.

- Сега би барала нешто поинакво. Мора да е многу, многу интересен, духовит, паметен, да му се восхитувам, да биде успешен, да не биде искомплексиран, да биде човек кој знае што е добро вино и квалитетна храна, убав цвет, поддршка и комплимент. Сето тоа е услов на сите услови. Бојата на очите и висината се сосема неважни – изјави пејачката за „Експрес.ба“.

Освен карактеристиките кои ги наброја, таа вели дека најважно ѝ е здравјето.

- Сега кога ќе видам полна маса, кога ги гледам внуците како растат, кога ќе дојдат во мојот стан, а сите се гушкаме од врата, тоа е радост. Со сета моја виталност, енергија, ентузијазам, што може човек да посака повеќе од здравје. Моја најголема и единствена желба е да уживам што подолго во мојата песна и семејството – додаде таа.

View this post on Instagram

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)


Да потсетиме, Неда беше во брак со режисерот Милан Билбија, кој беше 14 години постар од неа. Тој почина на 77-годишна возраст во 2013-та година од мозочен удар, а оттогаш пејачката ретко зборува за својот љубовен живот.


Извор: www.telegraf.rs

*Андреа го истетовирала името на Неда Украден: Сега, пејачката поминала 1.000 километри за да се појави на нејзината свадба