Неделен хороскоп: Бурна недела пред неколку знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Интензивен период кој ви носи многу збиднувања и напнатост. Ќе бидете доста експлозивни и ќе чувствувате потреба да превземете нешто, да се докажете, но за жал тоа нема да ви оди така лесно. Отпорите од ваша страна ќе бидат нагласени, па тоа ќе ви донесе судири со околината. Совладајте се и не реагирајте бурно. Само во работата ќе заборавате на лошата ситуација и проблемите кои се присутни. За депресија и немате време бидејќи работата ви е на прво место. Иако некои луѓе ќе сакаат да ве извадат од колосек, сепак во тоа нема да успеат. Имате предност во извесни ситуации, па искористете ја на најдобар можен начин. Штедете ги парите, но немојте да бидете многу скржави..

Бик

Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биди малку платена или нема да содејствува со вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати. За големата количина на напнатост делумно ќе бидат причина и професионалните контакти и односите со соработниците.

Близнаци

Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже. Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат.


Следна страна