Негово шесто, a прво дете на неговата 46 години помлада девојка: Mодниот дизајнер стана татко на 83 години

Добивај вести на Viber

Фото: MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA

Модниот дизајнер Роберто Кавали стана татко по шести пат

Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали стана татко по шести пат на 83-годишна возраст. Од претходните два брака дизајнерот има пет деца, а шестото го доби со 37-годишната Швеѓанка Сандра Нилсон.

Сандра Нилсон се занимава со манекенство од 14-годишна возраст, а во текот на кариерата освои неколку титули мис.

Таа се појави на насловната страница на „Плејбој“ во 2008-мата година.

Роберто и Сандра се во врска од 2014-та година, а ова им е прво дете.

- Сандра е добро, бебето кое се роди пред една недела овде во Фиренца е прекрасно и беше навистина емотивно да го видам веднаш откако се роди - изјави Кавали за магазинот „Novella 2000“.

Двојката го нарече својот син Џорџо, по неговиот татко, кој беше убиен од нацистите на крајот на Втората светска војна.

- Се вика Џорџо, како неговиот дедо, татко ми... кој беше застрелан од нацистите во масакрот во Каврија кога имав четири години - изјави Кавали.


Да потсетиме, модниот дизајнер ги има Томас и Кристина со својата прва сопруга Силванела Џанони со која се ожени во 1964-та година. Тој се разведе од неа 10 години подоцна.

Потоа, во 1980-та година се ожени со австриската модна дизајнерка Ева Марија Тинер, со која има три деца, Роберт, Ракел и Даниел.

Двојката се разведе во 2010-та година, а Роберто е во врска со манекенката Сандра од 2014-та година.

Интересно, Роберто во 2015-та година ѝ купи на Сандра приватен остров во нејзината татковина во Шведска.

На островот од повеќе од триесет хектари се наоѓа вила со четири соби, ловечка куќа, базен и остатоци од викиншка тврдина, како и терен за голф.

Извор: glossy.espreso.co.rs