Нејзиниот стил е инспирација за жените ширум светот: 3 модни заповеди на Кејт Мидлтон

Добивај вести на Viber

Војвотката никогаш не прави грешки кога станува збор за стилот и во секое време изгледа стилизирано беспрекорно

Кејт Мидлтон секогаш е водена од овие правила кои го прават нејзиниот стајлинг секогаш оценуван највисоко.

Таа инспирира милиони жени ширум светот, а модните експерти се согласуваат, таа е една од најдобро облечените дами на јавната сцена. Според многумина, таа е вистинска кралица на стилот.

Овие модни заповеди ги практикува во секое време. Нејзиниот аутфит мора да ги исполни овие три критериуми. Да ​​биде достапен, безвременски и елегантен.


Достапноста доаѓа во прв план

Таа е позната по својата фугилност, а досега го има докажано многу пати со својот стајлинг. Таа ужива во шопингот, но најмногу ја сака распродажбата, иако има можност да  носи гардероба на светски дизајнери.


Друг услов е тоа што најчесто нејзината гардеробата е безвременска

Кејт носи неколку парчиња облека неколку пати и не е ѝ е грижа што ќе каже некој. „Ако фустанот е убав и ѝ се допаѓа, нема сомнеж дека ќе го носи неколку пати. Зарем тоа не е поентата кога ќе купите убаво парче? Сакате да уживате колку што е можно повеќе во него“, вели авторот на книгата за Војвотка.


А последната модна заповед е вашата гардероба да биде елегантна

Првата поврзаност со нејзиниот стил е дефинитивно елеганцијата. Таа сака комбинации каде се чувствува и изгледа женствено. Фустаните што ја следат линијата за тело се нејзини омилени.


foto: Profimedia