Нејзино прво, негово седмо дете: Марк Ентони чека бебе со 23-годишната сопруга и тоа го објави на прекрасен начин (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Само две недели откако направија раскошна и романтична венчавка, латино пејачот и младата убавица објавија дека стануваат родители

Познатиот латиноамерикански пејач Марк Ентони (54), поранешен сопруг на Џенифер Лопез, наскоро ќе стане татко по седми пат.

Како што пишуваат американските медиуми, манекенката Надја Фереира (23), неговата нова сопруга, е бремена, а двојката наскоро ќе го добие првото заедничко дете.

Тие самите ја споделија радосната вест на Инстаграм, каде на Денот на вљубените објавија фотографија на која го гледаме Марк Ентони како го држи за рака трудничкиот стомак на својата сакана.

– Најдобриот подарок за Денот на вљубените досега. Боже, ти благодариме за овој голем благослов во нашите животи - напиша тој.

View this post on Instagram

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiatferreira)


Сепак, не открија во кој месец од бременоста е Надја и кога треба да се роди бебето.

Инаку, парот се венча пред само две недели, кога одржаа гламурозна венчавка во Мајами, каде го собраа кремот на Холивуд. Меѓу гостите беа Салма Хајек, Ромео Сантос, Луис Фонзи, Малума и многу други, а невестата изгледаше волшебно во две венчаници на израелската дизајнерка Галија Лахав.

Марк Ентони е веќе татко на шест деца - со Деби Росандо има ќерка Аријана Муниз и посвоен син Чејс Муниз, со првата сопруга Дајанара Торес ги има синовите Кристијан и Рајан Муниз, а со Џеј Ло ги има близнаците Ема и Максимилијан.


Извор: glossy.espreso.co.rs