Некогаш беше најдобар спортист и херој, а денес е во затвор поради убиство: Како суперчовекот на кој му се восхитуваше целиот свет си го уништи животот

Една од најтрогателните приказни на светот е онаа за животот на славниот спортист Оскар Писториус, кој беше инспирација за милиони луѓе, а денес тој издржува затворска казна за убиство на својата девојка.

За жал, списокот на врвни спортисти кои спортската облека ја замениле со затворска е навистина долг, но само малкумина, меѓу кои е и Оскар успеале да ја вознемират, буквално целата светска јавност.

Оскар беше еден од најуспешните светски спортисти во светот, инспирација за милиони луѓе, симбол на силата и големината на човечкиот дух. 

Човекот на кој му биле ампутирани двете нозе до потколеници како бебе, сатана еден од оние кои ја променија историјата на атлетиката.

Популарниот „Блејд Ранер“, како што го добија прекарот поради протетиката што ја носеше, освоил шест златни медали на Параолимписките игри и стана првиот спортист со хендикеп што освоил медал во атлетско натпреварување без инвалиди за да се натпреварува на Олимписките игри. 

Роден во 1986 година во Сандтон, предградие на Јоханесбург. Неговите родители, богати претприемачи, биле шокирани кога лекарите им кажале дека нивниот навидум совршено здрав син е роден без фибула, коската што го поврзува коленото со зглобот на глуждот. Морале веднаш да донесат тешка одлука - да го стават во инвалидска количка, или да се согласат на ампутација на двете потколеници и подоцна да го научат да оди со протези. По многубројните консултации со експерти се одлучиле за втората опција, па на Оскар му биле ампутирани двете потколеници кога имал само 11 месеци.

Неговите родители се одговорни за тоа што тој никогаш не се чувствувал како инвалид. Се труделе да не дозволат неговиот инвалидитет да го спречува во остварување на животните цели. Тие инсистирале да биде активен и никогаш да не се сожалува.

Само шест месеци по ампутацијата добил протези и ги направил првите чекори. Од тој момент не застанал, неговата енергија била безгранична.

Најголемо влијание имала неговата мајка. Таа често оставала инспиративни пораки во неговата кутија за ручек, а едно писмо што му го напишала и денес го чува: „Вистинскиот губитник не е личноста која последен ја минува целта. Вистинскиот губитник е личноста која седи на страна, личноста кој не се ни труди да се натпреварува“.

На прв поглед тој бил поинаков, но никогаш не се чувствувал така, изјавил своевремено во многуте свои интервјуа.

Неговата мајка и учителката Теса Шелард го поттикнала да почне да се занимава со спорт, па како основец се обидел со атлетика, фудбал, тенис, крикет, ватерполо, рагби...Тој се обидувал но не бил премногу успешен на атлетските терени во неговите тинејџерски денови. Тоа се променило кога тој добил нова, многу полесна, протетика, благодарение на семејниот пријател и инженер Крис Хетинг.

Тогаш почнал посериозно да трча. Пред се, тој бил повеќе заинтересиран за трчање на подолги растојанија отколку за спринт. Бил доста успешен во трките на 10 километри, а во исто време играл рагби и ватерполо и имал многу среќно детство.

За жал, по неговиот 15-ти роденден, неговото семејство го потресе страшна трагедија. Во март 2002 година, неговата мајка Шила починала од алергиска реакција на лекови, а Оскар одеднаш ја загубил личноста која му беше најголема поддршка во животот - неговата ѕвезда водилка.

- Спортот беше мојот спас, бидејќи ми помогна да го надминам тоа тешко време. Мајка ми беше силна жена, центар на мојот свет. Спортската активност беше единственото нешто што успеа да ми го одвлече вниманието од таа загуба, откри тој во своите објави.

По тешката повреда на коленото, која ја доживеа во рагбито, лекарите го советувале да избере друг, помалку агресивен спорт. За време на рехабилитацијата, тој го запознал тренерот Ампи Лув, кој го препознал како голем победник и го убедил да се префрли на атлетика.

Осум месеци по опоравувањето од повредата, тој го имал својот прв настап на Параолимписките игри во Атина, каде освои бронза на 100 метри и злато на 200 метри, а животот засекогаш му се промени.

Набрзо почна да трча со лица без попреченост, освојувајќи го второто место во триатлон на 400 метри во Рим во 2007 година, а потоа заврши последен во Шефилд на влажна патека.

Почна да се шпекулира дека протезата му дава предност и тоа беше огромен удар за него.

Следната година, ИААФ ја забрани употребата на овие протези, но Писториус ја обжали одлуката до Судот за спортска арбитража во Лозана и на крајот го доби случајот - CAS ја поништи одлуката на Федерацијата и Оскар може да продолжи на патот кон остварување на својот сон. Тој сон беше да настапам на Олимписките игри. Не успеа да се квалификува за Олимпијадата во Пекинг, но четири години подоцна, по многу срушени рекорди, сонот конечно стана реалност. Тој испиша историја во атлетиката, бидејќи стана првиот спортист со хендикеп кој се квалификуваше за Олимписките игри.

За жал, славата, парите и популарноста го промениле, тој не беше повеќе истата личност.

Тоа го забележал и новинарот Грем Џоф, кој добро го познавал Оскар уште пред неговиот успех. Тој се восхитувал на неговата самодоверба и неверојатна харизма и бил многу разочаран кога сфатил дека славата го променила.

-Тој беше поинаков човек од оној што го интервјуирав толку многу пати, рекол Џоф.

Писториус во една прилика испукал куршум од пиштол во ресторан, па пукал од автомобил, учествувал во тепачка... Сепак, јужноафриканските медиуми не сакале да ја потенцираат темната страна на националниот херој.

Она што им го привлече вниманието била романсата на Оскар со Рива Стенкамп.

Парот се запознал во ноември 2012 година преку заеднички пријател и таа се согласила да го придружува на церемонијата на доделување награди.

Манекенката била ѕвезда на реално шоу и често била на насловните страници на бројни списанија. Успешен млад спортист и убава млада девојка, тие изгледале како навидум совршен пар. За жал, се покажа дека не било се така идеално.

Наводно, Писториус имал бурни изливи на љубомора и тоа почнало сериозно да и пречи на Рива, која пред трагичната ноќ сериозно размислувала да ја прекине врската со познатиот спортист.

Крвав Ден на вљубените

На 14 февруари 2013 година, како бомба одекна веста дека славниот спортист ја убил својата тогаш 29-годишна девојка Рива Стенкамп. Откако се случи ужасното злосторство, се појавија две верзии на приказната. Писториус тврдел дека пукал во девојката мислејќи дека е провалник, а верзијата на обвинителството била дека ја застрелал во бањата каде што сакала да се сокрие од него бидејќи имал насилен напад на љубомора.

Тимот на обвинителството се обиде да докаже дека Писториус бил лут, насилен човек со нездрава опседнатост со пиштоли, кој во напад на бес ја убил својата девојка.

Телото на несреќната девојка било пронајдено во бањата, а таа била пукана низ вратата, со четири куршуми. Патолозите подоцна потврдија дека Рива била застрелана во главата, торзото и раката.

Кога сето ова било проследено со приказни за жестоките тепачки и проблеми кои ги имале Оскар и Рива и неговите изливи на љубомора во јавноста - верзијата на познатиот спортист падна во вода.

- Таа кобна ноќ Рива била заклучена во бањата. Обвинителството тврдело дека нема причина да се заклучи во три часот по полноќ, освен ако не е во животна опасност. Сепак, одбраната тврдеше дека таа се заклучила кога слушнала како Оскар му вика на наводниот натрапник.

- Одбраната пак тврдела дека спортистот мислел дека неговата девојка спие во креветот до него кога пукал во вратата од бањата.

- Петмина сведоци рекоа дека слушнале врескање на жена, а потоа и истрели, но одбраната тврдеше дека тоа биле врисоци на Оскар.

-Обвинителството тврдеше дека Оскар бил посесивно љубоморен и како доказ приложиле СМС пораки кои Писториус и Рива ги разменувале, но одбраната тврдела дека љубомората е составен дел од секоја врска и дека немала никакво влијание врз настаните од кобната ноќ.

- Џун Стенкамп, мајката на Рива изјавила дека Рива и Оскар немале секс за време на нивната тримесечна врска, иако таа неколку пати спиела во неговата куќа.

- Оскар сакаше пиштоли. Неговата поранешна девојка сведочеше дека спортистот сакал да пука, а само еден месец пред убиството пукал во ресторан во Јоханесбург. Тој тврди дека пиштолот пукнал случајно.

Во 2015 година, Писториус бил осуден на пет години затвор за убиство од небрежност, а на повторното судење една година подоцна, тој беше осуден за убиство и доби шест години затвор.

Обвинителството веднаш најави жалба бидејќи казната што ја доби ја смета за „шокантно блага“.

Во 2017 година, Врховниот апелационен суд на Јужна Африка ја усвои жалбата и ја зголеми затворската казна на 13 години и пет месеци.

Писториус, кој досега одлежа речиси половина од 13-годишната затворска казна за убиство, поднесе барање за ослободување во март годинава, но одборот за условно ослободување сметаше дека тој не поминал доволно време зад решетки. Најавија дека идната година ќе го преиспитаат неговото барање.

Родителите на убиената девојка пак ја поздравија одлуката на властите.

-Рива многу ни недостига и така ќе биде до крајот на животот. Веруваме во правдата и се надеваме дека така ќе остане, се наведува во соопштението.

Писториус се уште стои зад приказната дека по грешка ја убил Рива, а на судењето постојано изразил длабоко каење за нејзината смрт. Меѓутоа, мајката на починатата Рива не верува дека Писториус искрено се кае.

-Тешко е да се биде во иста соба со него. Не верувам во неговата приказна. Не верувам дека Оскар вистински се покајал, изјавила Џун Стенкамп.

Убиството на Рива Стенкам го сруши митот за суперчовекот чија животна приказна требаше да послужи како фантастичен пример за сите дека ништо не е недостижно ако максимално се фокусираме на остварувањето на нашите соништа.


Фото: Screenshot/kurirrs