Некогаш главен симбол на Скопје, денес руина: Актерката Стојна Костовска со една фотографија разбуди спомени од едно убаво време

Добивај вести на Viber

Македонската пензионирана актерка Стојна Костовска препознатлива и впечатлива по нејзиниот изглед, но и по исклучително уникатниот талент за глума, објави фотографија која предизвикa евоцирање на убави спомени.

„Некогаш … езеро“ Треска !!!“, напиша Костовска на фотографијата.


Фотографијата на Костовска е направена поодамна кога на местото Треска постоело езерото, но и сте убавини во кои уживале скопјани и околината.

Секогаш соодветно облечена за своите години, но и за пригодата.

Езерото Треска некогаш синоним за рекреација на скопјани, но и за камперски живот во близина на градот, а сепак подалеку од градскиот метеж.

Комплексот бил изграден со самофинансирање на граѓаните, кој бил симбол на Скопје.

Во 1978-та година, тогашниот претседател на поранешна Југославија, Јосип Брос Тито бил во посета на спортски – рекреативниот центар Езеро Треска во Сарај. Во период кога овој комплекс бил масовно посетуван од граѓаните.


Денес после цели 40 години комплексот не постои. Езерото е пресушено, околните камп приколки се повлечени, а некогашните објекти како дел од комплексот, ресторани, продавнички се урнати и повеќе не постојат.

За оваа локација сè уште постои проект за реконструкција и со години сè уште нема конкретно решение.

Фото: Фејсбук
Г.Д.Г