Некогаш и сега: Македонските жени како виното, што постари, тоа поубави

Добивај вести на Viber

Се вели дека убавината е во окото на набљудувачот и тоа е сосема точно. 

Кога ќе погледнете во пеперутка, на пример, можете да ги видите прекрасните бои на нејзините крилја - а исто така можете да ја видите како едноставна летечка гасеница. Меѓутоа, оваа изрека за убавината премногу ретко се применува кога се гледаме во огледало.

Тогаш често ги забележуваме само недостатоците. Брчки околу очите - како за џабе не се нарекуваат „смејалчиња“. Нашите веѓи изгледаат премногу дебели или премногу тенки, во зависност од тоа што е во мода. Коса, незабележлива (тука не зборуваме за мрсна коса, бидејќи се работи за нехигиена, а не за естетика). Висина, преголема или премала (некаде ситните жени се сметаат за најубави, а некаде високите).

И тогаш, на пример, одите во друга земја, каде што вашиот изглед е невообичаен. Во некои земји, вашите разлики ќе ги сметаат за грди. Во некои други, токму она што ве прави незабележителни во вашата околина, ќе биде предмет на фасцинација и восхит. Вашиот изглед не е променет - само ве набљудуваат различни очи. Значи убавината навистина е во окото на набљудувачот.

Рационално, знаеме дека стандардите за убавина се менуваат секој час; знаеме и дека милијарди жени не изгледаат како модели, мал број жени имаат изглед на фото-модели - дали ова значи дека тие милијарди се едноставно грди? Рационално знаеме дека не се, но тешко е да се поверува. За да дојдеме до замислениот идеал кој се менува секој час, се согласуваме на разни препарати и третмани за кои знаеме дека не се најздрави и носиме неудобни чевли кои можат да ни донесат здравствени проблеми, па дури и до операција. И ретко се сеќаваме дека убавината не е во тоа.

Убавината е она што мажот го гледа кога ја гледа жената со која бил 30 години и сè уште ја сака, и она што таа жена го гледа кога го гледа сопругот што го сака. Убавината е она што го гледате кај луѓето што ги сакате (тие не се модели или не се сите модели, нели?). Убавината е во дете кое се насмевнува додека татко му го носи. Убавината е и во она што вашите сакани го гледаат во вас.

Убавината е во окото на набљудувачот. Секогаш кога мислите дека не сте убави, запомнете ја таа изрека и набљудувајте го светот околу вас, барајте убави глетки, убави луѓе, убави суштества, убави детали. А потоа погледнете се во огледало - верувајте, и тоа е таму.

Вака некако звучи филозофијата за убавината. А ние сме убав народ. Имаме и убави жени. Некои од нив како стареат се сè поубави или мудроста ги прави многу посигурни во себе и во очите на другите. Разликата од пред и потоа, односно кога сме биле во нашите дваесетти и во нашите четириесетти или педесетти години е секако очигледна, но тоа не значи дека сме почнале да „неубавееме“ повеќе. Само старееме, процес кој е неизбежен. Но стареењето не треба да претставува товар, туку да се негува, поточно да се негуваме. 

Еве неколку примери на наши познати дами за тоа како изгледале порано, а како изгледаат денес. Кај сите ќе приметите разлика која е неспорна, но некако добро се носат со годините и изгледаат фантастично. И секоја чест! Негувањето на духот и телото создава убавина или ја надградува...

Ирена Спировска - водителка

Татјана Стојановска - презентерка и водителка

Елена Ристеска - пејачка

Тамара Тодевска - пејачка

Билјана Дебарлиева - водителка

Лила Филиповска - водителка

Вера Мештеровиќ - водителка и поранешен модел

Каролина Гочева - пејачка

Калиопи - пејачка

Сузана Гавазова - пејачка

фотографии: принтскрин youtube/facebook/instagram