Некогаш живеела во трошна куќа, а сега во луксузен стан во Земун: Како изгледа домот во кој живее Ана Михајловски со своите деца?

Добивај вести на Viber

Водителката со години се бореше за своето мало парче рај

Познатата водителка Ана Михајловски одамна ја започна својата водителска кариера, а сите ја паметиме по ведриот дух и широката насмевка која речиси никогаш не ја трга од лицето.

Ана во изминатите десет години беше во два брака од кои има три деца. Како дете живеела во стара, трошна куќа во близина на белградскиот хиподром и никогаш не го криела своето минато.


Кога се најде во центарот на вниманието на јавноста, по учеството во едно од првите реални шоуа во Србија, Ана Михајловски знаеше добро да го искористи тоа. Таа ги искористи своите способности за да го отвори патот кон успехот.

Ана двапати досега застанала на лудиот камен. Првиот сопруг на Ана Михајловски беше Горан Стаменковиќ, сопственикот на продуцентската куќа „Емоушн“, со кој ја доби ќерката Ива.

Двајцата останаа во добри односи по разводот, па дури и одеа на заеднички патувања со нивната ќерка.

По разводот од Стаменковиќ, Ана повторно застана на „лудиот камен“, поточно со бизнисменот Мирко Грубин. Со него има две деца, синот Петар и ќерката Зоја, а се разведоа во 2017-та година.

Во медиумите можеа да се слушнат шпекулации дека по разводот со Мирко, Ана од него добила луксузен стан во кој продолжила да живее со своите деца, што таа го демантираше.

- Станот во кој живеам со моите деца го купив сама, на кредит што сама го отплаќам. За тоа можам само да му бидам благодарна на Митровиќ, кој ми обезбеди постојана работа и шанса преку банката да го осигурам тој станбен кредит - изјави своевремено водителката, спомнувајќи ги сопствениците на телевизијата „Пинк“ каде што беше вработена во тоа време.


На неколкуте фотографии кои Ана ги сподели на Инстаграм, можеме да видиме дека сега живее во прекрасен стан, кој, според медиумите, се наоѓа во Земун. Водителката неодамна го реновирала целиот стан и се чини дека не штедела пари, бидејќи она што можевме да го видиме не остави без здив.

Пред неколку месеци тамошните медиуми пишуваа и за тоа дека на имотот на водителката се вселил и нејзиниот поранешен сопруг и сегашен емотивен партнер Мирко Грубин, што, како што се сомневаат, било причина таа да почне одново со реновирањето на просторот за живеење што претходно го уредила на сопствените афинитети.

Извор: glossy.espreso.co.rs