НEКОИ РАБОТИ НЕМА ДА СЕ СМЕНАТ: Поучна приказна за животот
Научив дека не треба да си желен да откриеш некоја тајна. Тоа може да ти го промени животот за секогаш.
Научив дека двајца луѓе можат да гледаат во едно исто нешто и да гледаат две сосема различни работи.
Научив дека колку и да се грижам, некои луѓе едноставно не возвраќаат.
Научив дека се потребни години за да се изгради доверба, а само секунди за да се уништи.
Научив дека колку и некој да е добар пријател, од време на време ќе ве повреди и морате да научите да простувате.
Научив дека не што, туку кого имате во животот е тоа што се важи.
Научив дека никогаш не треба да уништиш извинување со изговор.
Научив дека можеш да се вадиш на шарм за некаде околу петнаесет минути. После тоа, би билo подобро да знаеш нешто.
Научив дека не треба да се споредуваш себеси со најдоброто што другите можат да го прават.
Научив дека за миг можеш да направиш нешто што ќе ти причини болка за цел живот.
Научив дека ми треба многу време за да станам личност каква што сакам да бидам.
Научив дека секогаш треба да се разделувате со саканите со убави зборови. Можеби ги гледате за последен пат.
Научив дека можеш да продолжиш да чекориш напред дури и долго откако веќе ќе не можеш.
Научив дека сме одговорни за тоа што го правиме, без разлика на тоа како сечувствуваме.
Научив дека или ќе го контролираш своето однесување, или тоа ќе те контролира тебе.
Научив дека колку и да е жешка некоја врска на почеток, страста бледнее и подобро е да има нешто што ќе ја замени.
Научив дека херои се луѓето кои го прават тоа што треба да се направи кога тоа треба да се направи, без оглед на последиците.
Научив дека парите се лошо средство за поентирање.
Научив дека јас и мојот најдобар другар можеме да правиме сѐ и ништо и да си поминуваме убаво.
Научив дека понекогаш луѓето кои очекувате да ве клоцнат кога сте долу ќе бидат токму тие коишто ќе ви помогнат да се кренете на нозе.