Нема да видите ништо послатко денес: Марија Шарапова го покажа синчето Теодор, облечено како неодоливо плишано зајаче (ФОТО)

Прославената тенисерка, во изминатите неколку месеци ужива во новата животна улога, а сега покажа и дел од семејната идила.

Руската тенисерка Марија Шарапова (35) се породи летово и го роди своето прво дете. Нејзиниот партнер Александар Џејклс, истакнат британски бизнисмен, и таа добија син, кого го нарекоа Теодор.

Парот не сакаше да споделува детали, а по породувањето тенисерката сподели семеен портрет со опис:

- Најубавиот, најпредизвикувачкиот подарок и најголемата награда што можеше да ја добие нашето мало семејство. 

View this post on Instagram

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)


Името кое парот го избра за момчето доаѓа од грчки и значи „Божји дар“, а е многу популарно ширум светот.


По неколку месеци уживање во семејниот спокој и запознавање со својот наследник, Марија повторно се огласи денеска, споделувајќи фотографија на која го држи Теодор во раце. Спортистката беше облечена во карирано палто и кратки чизми, додека малиот го гледа својот одраз во огледалото облечен како неодоливо плишано зајаче.

- Моето срце - напиша Марија.

View this post on Instagram

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)


Шарапова е во врска со Џејклс од 2018 година, а парот е свршен од декември 2020. Во април оваа година објавија дека го чекаат своето прво дете.

извор:GLOSSY