НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА И НЕМА ПРЕПОРАКА ЗА НОВИ МЕРКИ: Министерот за здравство смирува по појавата на британскиот сој на вирусот во Македонија

Во почетокот на јануари новиот сој на корона вирусот кој прв пат се појави во Велика Британија, е детектиран и во Македонија кај 46-годишен пациент во приватната болница „Жан Митрев Клиник“. Информацијата синоќа ја потврди Министерството за здравство, односно министерот Венко Филипче во вестите на Канал 5 рече дека нема место за паника и дека пациентот, според податоците на ИЈЗ, веќе од 22 јануари се води за оздравен. 

Тој првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест кој бил позитивен, а по неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавил на преглед во приватната болница „Жан Митрев Клиник“ каде му е направен ПЦР тест кој исто така бил позитивен, по што пациентот таму е веднаш хоспитализиран. Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

- Лабораторијата во Жан Митрев утврдила дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Во вестите на Канал 5, пак, Филипче посочи дека, според публикациите во Велика Британија, оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, но истакна дека превентивните мерки даваат резултати и дека нема простор за паника. 

Повеќе информации за новиот сој, британскиот вид на корона вирусот што се појави и во нашата земја прочитајте на фактор.мк