Нема визи за САД, студентите не знаат што со договорите за работа кои ги потпишале

Комплетно е замрзнат процесот на регрутација на нови студенти за летна работа во Америка, сезонска работа во Германија и работа на брод. Од агенциите кои посредуваат велат дека сега не може ни да се предвиди кога процесот ќе биде одблокиран со што се очекува големо негативно влијание за нивната работа. Сепак оваа ситуација ќе значи и многу за студентите кои со години назад имаа шанса да добијат практика надвор од земјава. „Коузон“ е една од Work and Travel агенциите, кои им посредуваа на студентите, а директорот Зоран Кочоски за Фактор вели дека во наредните три месеци нема изгледи за позитивен развој, ниту пак очекува бум потоа.

Процесот на регрутација на нови кандидати е замрзнат, а за во Америка во моментот, се уште не се знае кога ќе почне сезоната, дали ќе им требаат сите студенти, дали ќе ги имаат работните часови кои им се гарантирани со работните договори кои се веќе потпишани.
 „Таа програма беше во завршна фаза, кога настана забраната за патување во Америка и забраната за регрутација на програмата до 11 мај.  Буквално се е запрено, вели Кочоски.“

Додава дека од страна на студентите веќе делумно има откажување, но, тие откажувања се во моментов во многу мал број, од 2 до 3 проценти.

„Дали во периодот кој што следи ќе има повеќе откажувања зависи од она што ќе се случува во Македонија, затоа што нашиот индиректен проблем, покрај директниот проблем – коронавирусот, е тоа што Универзитетите во моментов не работат, не знаеме каква ќе биде одлуката на сите Универзитети во Македонија и индивидуалните факултети, до кога ќе ја продолжат студентската година, дали испитите ќе се полагаат од почеток на јуни или ќе се полагаат втора половина на јуни до почеток на јули, вели тој.

Потенцира дека тоа значајно би го нарушило концептот на програмата Work and Travel, затоа што програмата нема за цел да ги извлече студентите пред испитната сесија и да не ги положат испитите за да заминат за Америка, а да ја ризикуваат годината на студии.
Неизвесноста трае – вели тој, но се надеваат дека во периодот кој доаѓа, некаде до средина на месец април, многу работи ќе бидат појасни, сепак прерано е да се констатира – додава Кочоски.


Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк