Немам веќе трпение за некои работи.
Не затоа што станав арогантна, туку затоа што дојдов до една точка во животот кога не сакам повеќе да губам време на она што ме прави тажна или ранлива.
Повеќе немам трпение за цинизам, претерани критики и побарувања од кој бил вид.
Повеќе не посветувам ниту една минута на оној кој лаже или сака да манипулира.
Одлучив да не ги сакам оние кои не ме сакаат и да не им се насмевнувам на оние кои мене не ми се насмевнуваат.
Немам повеќе трпение за оние кои не сакаат животни.
Во пријателството ми пречи недостатокот на лојалност и предавствата и немам повеќе трпение за тоа.
И особено немам повеќе трпение со оние кои не го заслужуваат моето трпение.
Мерил Стрип