„Немам желба за интимни односи, се плашам дека сопругот ќе ме остави“: Со овој проблем се соочуваат многу жени но лесно може да се реши
Кога се
запознаа пред 26 години имаа силна хемија и страст еден за друг. Меѓутоа, како
и кај многу парови, како страста со текот на времето да ја снемува. Многу
парови од 40-тите па нагоре често го имаат овој проблем.
Но една една читателка на Тhe Sun го објасни нејзиниот проблем и еве што има да каже за оние кои се соочуваат со истата ситуација
- Јас имам 51 година, а тој 50 години. Партнерот ми рече дека треба да се разделиме за да може да започне нова врска за да го има она што му треба. Тој вели дека му е доста да се чувствува сексуално фрустриран и одбива да го помине остатокот од својот живот со некој кој не е заинтересиран за физичката страна на врската. Колку и да му објаснувам дека сè уште го сакам, но едноставно не чувствувам никаква сексуалност, тој сепак вели дека се чувствува отфрлено и непосакувано.
„Моето либидо го нема“
- Во последните неколку години не се чувствувам секси. Поголемиот дел од времето се чувствував уморно и моето либидо беше целосно исчезнато. Знам дека ќе кажеш дека веројатно сум во менопауза и треба да го посетам мојот лекар, но јас веќе го направив тоа и ми препишаа хормонска терапија. Повеќе не сум безволна, но мојот сексуален нагон се уште го нема, вели оваа жена.
Советникот Diedre пак за оваа ситуација советува...
-Многу жени кои минуваат низ менопауза доживуваат пад на либидото . Ве молам вратете се кај вашиот лекар и кажете му како се чувствувате. Кажете му дека вашето либидо не е променето и замолете го уште еднаш да ги анализира вашите наоди и наведената терапија. Секоја терапија не е соодветна за секој пациент. Тестостеронот, на пример, може да се препише и на жени кои доживуваат пад на сексуалниот нагон. Разговарајте со вашиот сопруг и побарајте поддршка од него. Објаснете му дека неговите закани нема да и помогнат на ситуацијата, туку едноставно ќе предизвикаат уште поголема нетрпелливост меѓу вас. Кажете му дека не се чувствувате добро и дека ќе се вратите кај вашиот лекар за да го решите проблемот. Вие и вашиот сопруг треба да бидете информирани за процесот на менопауза, и неопходната заемна поддршка во тој период, изјави докторот.
Фото:Freepik